Еден од проблемите со кои се соочува текстилната индустрија е неквалификуваната работна сила, но пречка за растот на малите и на средните претпријатија се и изворите на финансирање, истакна Блерим Златку, државен советник во Министерството за економија, на вчерашната средба со претставници на кластерот за текстил. Маријана Велкова, претседател на Кластерот, потенцира дека исчекор може да се направи во едукацијата на кадрите, но исто така, дека е потребна и автоматизација и модернизација на текстилната индустрија. Во овој сектор има околу 1.000 активни друштва со 40.000 работници или 42 отсто од вкупно вработените во индустријата. Текстилот учествува со 2 отсто во БДП, или со 8 отсто во делот од БДП на преработувачката индустрија, а во вкупниот извоз учествува со 16,7 отсто. Најголем дел од компаниите во текстилната индустрија во Македонија се организирани во мали и средни претпријатија, со вкупен број на вработени од 10 до 500.
„Еден од проблемите со кои се соочува текстилната индустрија е неквалификуваната работна сила, но пречка за растот на малите и на средните претпријатија се и изворите на финансирање“, истакна Блерим Златку, државен советник во Министерството за економија, на вчерашната средба со претставници на кластерот за текстил.
Маријана Велкова, претседател на Кластерот, потенцира дека исчекор може да се направи во едукацијата на кадрите, но исто така, дека е потребна и автоматизација и модернизација на текстилната индустрија.
Во овој сектор има околу 1.000 активни друштва со 40.000 работници или 42 отсто од вкупно вработените во индустријата. Текстилот учествува со 2 отсто во БДП, или со 8 отсто во делот од БДП на преработувачката индустрија, а во вкупниот извоз учествува со 16,7 отсто.
Најголем дел од компаниите во текстилната индустрија во Македонија се организирани во мали и средни претпријатија, со вкупен број на вработени од 10 до 500.
Според министерот за економија, Ваљон Сараќини, во делот на истражување на пазарот Владата обезбеди поволни кредити преку Европска инвестициска банка во вредност од 12 милиони евра, но исто така и учество на саеми на текстилните компании, Б2Б средби како и обуки од домашни и странски компании.